
Англискиот стручњак и менаџер на Астон Вила, Стивен Џерард, изјави дека сака неговиот тим да победува на секој натпревар, а така ќе биде и на вечерашниот дуел против Ливерпул.
Астон Вила ќе го пречека Ливерпул во 33. коло на англиската Премиер – лига.
„Мојата работа е да направам се за Астон Вила да победи. Сакаме да ја завршиме сезоната што е можно подобро“, изјави Џерард за „Би-Би-Си“.
Џерард го презеде тимот на Астон Вила минатиот ноември, кога тимот беше на само два бода од зоната за испаѓање. По 10 победи во 23 првенствени натпревари, Вила моментално се наоѓа на 11. позиција на табелата.
„Ливерпул е тим од светска класа. Веројатно најдобриот тим во светот во моментов. Свесни сме за големината на предизвикот, но ќе биде возбудливо и со нетрпение го очекувам. Сакам да победам и ќе се бориме напорно “, изјави Џерард, поранешен капитен на Ливерпул.
Ливерпул моментално е на второто место на табелата, со три бода помалку од Манчестер Сити.
„И Ливерпул и Сити знаат дека ќе мора да работат напорно за да освојат бодови против Астон Вила“, додаде Џерард.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Столе Димитриевски се сели во Леванте?

Евро-фудбал
Наполи го договори и Вања Милинковиќ-Савиќ

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
