Фудбалерот на Рома, Леонардо Спинацола, се врати на терените по 311 дена откако доживеа сериозна повреда на коленото против Белгија на Европското првенство. На крајот на овој месец ќе има можност со Рома во Тирана да стигне до трофејот во Конференциската лига на УЕФА.
Спинацола синоќа влезе на теренот во Фиренца во поразот на Рома од Фиорентина во 90. минута на местото на Карсдорп, а по мечот во изјава за „ДАЗН“ рече дека е среќен што се се враќа по десет месеци рехабилитација.
„Последниот месец почувствував дека ситуацијата се подобрува. Овие четири минути ми се многу важни, како и секоја минута што ќе ја поминам на теренот во иднина. Ова го сонував 10 месеци“, изјави фудбалерот кој беше откритие на ЕП до повредата.
Тој изрази надеж дека ќе игра против Феенорд на 25 мај во Тирана во меч кој може да влезе во историјата на Рома како прв освојувач на Лигата на конференциите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski