Барселона нема да ја искористи клаузулата за купување на Адама Траоре, па Шпанецот на лето ќе мора да бара нов клуб. Тој дојде во Барса на позајмица до крајот на сезоната, а каталонците имаат опција да го откупат за 30 милиони евра, но нема да ја активираат.
Траоре на тој начин се враќа во редовите на Вулверхемптон, но планот на англискиот клуб е да го продаде, бидејќи на лето влегува во последната година од договорот.
Сега повторно се споменува Тотенхем, односно дека Антонио Конте сака да го има како крилен напаѓач во формацијата 3-4-3.
Траоре и зимава беше блиску до Тотенхем, но понудата на Барселона беше нешто што тој не можеше да го одбие.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













