Фeлипе Кутињо на лето дефинитивно ќе ја напушти Барселона, а се чини дека Астон Вила ќе го откупи неговиот договор. Сепак, иако клаузулата е одредена на 40 милиони евра, Барса е подготвена да преговара со клубот од Бирмингем и да ја прифати сумата од само 20 милиони евра.
Проблем за Барса е амортизацијата на трансферот, како и огромната плата на Кутињо, па каталонскиот клуб повеќе размислува за негово заминување, со што би заштедиле дополнителни 40 милиони евра, кои не би морале да ги платат следната сезона.
Поради тоа Барса беше принудена да попушти и да го пушти на продажба, па трансферот на Кутињо речиси сигурно ќе биде најлошиот во историјата на клубот.
Барса плати 120 милиони евра за Кутињо и дополнителни 40 милиони преку бонуси, во јануари 2018 година. По само сезона и половина замина на позајмица во Баерн Минхен, при враќањето се повреди и не играше речиси цела мината сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













