Connect with us

Баерн Минхен тргнува по Садио Мане

Германскиот првак Баерн Минхен е заинтересиран да го доведе напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане. Тој треба да биде наследник на Роберт Левандовски за кого е се поизвесно дека ќе ја напушти „Алијанц арена“ ова лето.


Спортски директор Хасан Салихамиџиќ веќе отпочнал со преговори со неговиот агент.

Ливерпул годинава е во игра за четири трофеи, а Сенегалецот е незаменлив дел од тимот. Сезонава тој постигна 20 гола и имаше 4 асистенции на 46 натпревари во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови