Бернардо Силва е важна алка за Пеп Гвардиола и Манчестер Сити нема да го пушти така лесно. Се шпекулираше дека Силва можеби ќе прејде во Барселона, но Манчестер Сити одреди отштета од 100 милиони евра.
Каталонците ќе се обидат да ја намалат сумата, поточно само да го разменат Френки де Јонг за Бернардо Силва, а тој е проценет на 75 милиони евра.
Силва сакаше да си замине од Сити минатото лето, Барса и тогаш го сакаше, но немаше пари да го доведе. Финансиската ситуација сега не е многу подобра, па Де Јонг е еден од оние кои би можеле да ја наполнат касата.
Пеп Гвардиола е во очекување на едно капитално засилување, трансферот на Ерлинг Халанд треба да биде официјализиран до крајот на оваа недела.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













