Шкупи ја грабна круната што во овој шампионат ја красеше Шкендија. Тимот од Чаир беше значително поуспешен во трката за шампионската титула, а денеска (17 часот) гостува на големиот ривал кој се бори за излез на европска сцена.
На Шкендија и е потребна победа, па ги отвори вратите од стадионот и ги повика фановите да дојдат да го бодрат тимот.
Академија Пандев и Македонија ЃП исто така играат дома и имаат релативно полесни задачи. „Пандевци“ го пречекуваат Работнички, кој со триумфот над Борец во минатото коло ги расчисти сите дилеми околу опстанокот, исто како и Струга Трим Лум која гостува во Ѓорче Петров.
Брегалница на домашен терен го пречекува Тиквеш, а Пелистер е домаќин на Борец. Ренова ќе го пречека Скопје на игралиштето со вештачка трева во Тетово.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО (17 ЧАСОТ)
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
РЕНОВА – СКОПЈЕ
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













