
Ливерпул одигра 1-1 против Тотенхем на „Енфилд Роуд“ и можеби потклекна во трката за шампионската титула во Премиер – лигата. Но, менаџерот Јирген Клоп вели дека е задоволен од изданието на тимот.
„Навистина сум задоволен од настапот и горд на менталитетот што го покажаа момците против неверојатно добар противник со план за игра. Неколку работи денеска беа на високо ниво, пресинот беше извонреден. Но, тие постигнаа гол и моравме да останеме смирени, а да го зголемиме притисокот, што е голем предизвик“, рече Клоп.
Тој смета дека играњето на секои три дена е маката на Ливерпул во овој момент.
„Очигледно не е резултатот што го сакавме, но перформансите беа такви што впечатокот е добар. Неверојатно е тешко да се игра против противник со играчи од светска класа и менаџер од светска класа кога имаа седум дена да се подготват, а ние играме на секои три дена“, истакна менаџерот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Интернационалци
Столе Димитриевски се сели во Леванте?

Евро-фудбал
Наполи го договори и Вања Милинковиќ-Савиќ

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема
