Connect with us

Мајката на Мбапе на преговори во Мадрид – Парите не се проблем, туку маркетиншките права

Францускиот ас Килијан Мбапе ќе биде главна ѕвезда на летниот преоден рок. Пари Сен Жермен му нуди 200 милиони евра за две години, но тој има желба да се пресели во Реал Мадрид. Сепак, преговорите и со „кралевите“ се далеку од заокружени.


Се шпекулира дека семејството Мбапе ја користи париската понуда за да извлече што повеќе пари од Флорентино Перез. Според тие информации, мајката на Мбапе, чиј збор е последен, има намера да побара голема сума затоа што напаѓачот доаѓа како слободен агент.

Односно, покрај 40 милиони евра по сезона за плата, Перез во следните пет години би требало да плати и 120 милиони евра, како бонус затоа што нема да плати отштета за играчот.

Најголем камен на сопнување се маркетиншките права. ПСЖ е подготвен да му даде на Мбапе 100% од правата, поточно тој практично да заработува со продавање на својот имиџ, реклами и слични работи, додека Реал Мадрид поделбата од тој колач да биде 50-50, како што беше случајот и со Кристијано Роналдо.

Јасно е дека Перез сака да го искористи Мбапе во маркетингот бидејќи така би се вратил голем дел од вложеното, но играчот, односно неговото семејство има поинаков план.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови