Еден навивач на Ливерпул премногу му веруваше на својот клуб, но сега може навистина добро да се офајди поради тоа. Во еден од најлудите облози во последните години, тој верува дека Ливерпул ќе ги земе сите трофеи оваа сезона и за тоа вложил 5 фунти. Сега веќе и не е многу далеку од конечна победа, а коефициентот на облогот е 2.000.
Верниот фан на „црвените“ може да наплати 10.000 фунти доколку неговото предвидување се оствари на крајот од оваа сезона.
Ливерпул ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 28 мај во Париз, Лига купот на Англија веќе го освои, а во Премиер – лигата заостанува за чекор зад водечкиот Манчестер Сити. Ливерпул исто го чека и финалето во ФА Купот на Англија.
Засега „црвените“ имаат еден од четирите можни трофеи, но со оглед како игра тимот на Јирген Клоп, се е можно. Многумина ќе кажат дека ќе биде најтешко да се освои Премиер – лигата бидејќи Сити има добар распоред и два бода предност во самата завршница.
My bad boy still going. #LFC 🙏🏼 pic.twitter.com/2dlnByhWmP
— Graeme Kelly (@GraemeKelly1) May 4, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal