
Еден од најдобрите англиски судии Марк Клатенбург најави револуционерни промени во светот на фудбалот од страна на ФИФА. Тој во колумна за „Дејли мејл“ вели дека треба да се стави крај на задржување време во фудбалот, па натпреварите наместо 90 треба да траат 60 минути, но времето да биде стопирано при секој прекин, како во кошарката.
„Тренерите секакви работи ми зборуваат по натпреварот, зошто сум продолжил две, а не три минути. Играчите протестираат, а навивачите ме нарекуваат со секакви имиња. Како да се виновни тие 60 секунди што не дошле до посакуваниот резултат. Ние судиите знаеме дека судското надополнување на времето е контроверзна тема. Тимот што води сака што помалку, а оној што губи што повеќе надополнување“, истакнува Клатенбург.
„Мислам дека има решение за сето тоа, а тоа се 60 минути ефективна игра, со запирање на времето. Оваа идеја моментално ја разгледуваат Пјерлуиџи Колина, ФИФА и ИФАБ. Успешно се применува во кошарката, може да се примени и во фудбалот. Времето би застанало кога топката ќе ја напушти играта или, на пример, кога повреда ќе предизвика прекин. Исто така кога судијата ќе даде жолт картон или ќе опомене некого. Така секој натпревар би траел исто и нема да има такви контроверзи“, потенцира Клатенбург.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
