Рома се пласираше во финалето на Конференциската лига на УЕФА победувајќи го Лестер и во Тирана во мечот за пехарот ќе се сретне со Феенорд, а Жозе Мурињо веќе го планира составот на тимот и за следната сезона.
Според медиумите на Островот, десниот бек на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака ова лето ќе пристигне во Рома. Тој треба да му се приклучи на Немања Матиќ кој исто така заминува од Јунајтед, но како слободен агент.
24-годишниот фудбалер дојде на „Олд Трафорд“ во летото 2019 година од Кристал Палас за 55 милиони евра. Сепак, тој не ги оправда огромните инвестиции, па се чини дека позајмица во римскиот тим е идеално решение за сите страни.
Сезонава Ван-Бисака одигра 20 натпревари во Премиер – лигата во дресот на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













