Српскиот првак Црвена Звезда тргнува во акција за голем трансфер. Раководството на „црвено-белите“ е во преговори за ангажман на капитенот на фудбалската репрезентација на Русија, Артем Ѕјуба.
Директорот Звездан Терзиќ ја потврди веста, истакнувајќи дека тој би бил одлично засилување за настапот во квалификациите на Лигата на шампионите.
„Сакаме да го ангажираме Артем Ѕјуба. Со негова помош, сакаме да обезбедиме место во ЛШ следната сезона“, изјави директорот на Црвена Звезда.
Рускиот напаѓач во сезоната 2021/22 постигна 13 голови и запиша 10 асистенции на 36 меча за Зенит од Санкт Петербург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













