
Реал Мадрид со сензационален пресврт успеа да го елиминира Манчестер Сити и се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Херои на „кралевите“ беа Родриго и Бензема, но во продолженијата одлична игра прикажа и младиот 19-годишен Едуардо Камавинга.
Откако влезе во игра, тој ја презеде играта во средниот ред и почна да доминира со серија врвни потези.
Флорентино Перез во последните денови од летниот преоден рок му плати на Рен 31 милион евра и сега се покажува дека тоа е еден од врвните потези на „кралот“ на трансферите.
Камавинга игра за француската репрезентација, а роден е во Ангола, поточно во бегалски камп во таа земја, откако неговите родители Селестино и Софија избегаа од Конго, каде што траеше граѓанска војна. Со родителите и браќата и сестрите пристигна во Франција на двегодишна возраст, а детството го помина во Фугерезе.
Нова животна несреќа Камавинга го снајде на 13 години. Сè што изградија неговите родители исчезна. Пожар ја зафатил семејната куќа, изгорело се, вклучително и важни документи клучни за добивање француско државјанство.
„Ќе работам напорно за да станам професионален фудбалер и да им купам нов дом на моите родители“, е ветувањето што тогаш си го даде малиот Едуардо.
Помалку од седум години подоцна, Едуардо е таму каде што сакаше да биде. На 19 години стигна до најгламурозниот клуб на светот и полека во свои раце ги зема клучевите од средниот ред на славниот Реал.
Во Лига 1 настапуваше за Рен со кој се стекна и со статус на француски репрезентативец. Со 17 години, 9 месеци и 27 дена стана најмладиот фудбалер кој некогаш го облекол дресот на сениорскиот тим на „триколорите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
