Фудбалерите на Баерн Минхен се најдоа на удар на дел од навивачите откако по поразот од Мајнц (3-1) заминаа на Ибица да се опуштат. Баерн ја обезбеди десеттата последовна титула пред мечот со Мајнц, а играчите решија да го прослават ова со заминување во Шпанија.
„Ваквото однесување по натпреварот е неприфатливо. Да сум нивен тренер би ги казнил. Не би им давал слободни денови после такво шоу“, изјави Лотар Матеус, легендата на Баерн.
Во пресрет на неделниот натпревар против Штутгарт, новинарите го прашаа тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман што мисли за потегот на играчите.
„Како тренер, јас сум одговорен за тренинзите и за подготовката пред натпреварите. Играчите се доволно возрасни сами да одлучат што ќе прават со слободните денови. Тоа зависи од нив. Јас не сум им татко…“, изјави Нагелсман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













