Португалскиот стратег Жозе Мурињо ја одведе Рома до прво европско финале по повеќе од три децении, а има можност да стане првиот тренер кој ќе го освои пехарот во новоформираната Конференциска лига на УЕФА. Воедно, тој е првиот кој играл финале со различни тимови, во сите европски натпреварувања.
По трофеите во ЛШ со Порто и со Интер, како и пехарот во Лигата на Европа со Манчестер Јунајтед, сега е на прагот да ја освои Конференциската лига на УЕФА со Рома.
„Само сакам да си одам дома…Многу сум изморен… Семејството победи. Рома е едно големо семејство. Во финалето сме, сега сакаме да победиме и да го освоиме пехарот. Мислам дека бевме одлични. Можеби некој нема да се согласи, но нашиот голман имаше само две одбрани во двомечот против тим од Премиер-лигата“, изјави Жозе Мурињо.
Jose Mourinho in tears.
— Lupo TV (@LupoTVofficial) May 5, 2022
You can see what this means to José. He will do anything to bring this city, this club, to glory. And lets be honest, it’s a message to the world that he is still the special one.pic.twitter.com/3ILYrDBNvt
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal