
Херојот на Реал Мадрид против Манчестер Сити, Родриго, го коментираше неговото ефект во неверојатниот пресврт на „кралевите“ и пласманот во финалето на Лигата на шампионите. 21-годишниот Бразилец постигна два гола, во 90. и 91. минута, и го одвефе натпреварот во продолженија. Потоа Карим Бензема со гол од пенал во 95.минута го нокаутира Манчестер Сити.
„Не можам да објаснам што се случи. Немам зборови. Бог ме погледна и ми рече – сега е твојот миг. Многу сум среќен што помогнав Реал Мадрид да биде таму каде што му е местото, во финале од Лигата на шампионите. Не ни слушав што ми велеа моите соиграчи, не верував што се случува. Веќе губевме надеж, речиси бевме мртви кога го постигнав првиот гол и тоа ни даде самодоверба. Реал никогаш не се откажува. Овој дрес ве обврзува да се борите до крај. Во Лигата на шампионите ја покажувам најдобрата верзија од себе и се надевам дека ќе продолжам да постигнувам уште многу голови“, изјави среќниот Родриго.
Реал Мадрид во Ла Лига веќе ја прослави шампионската титула, а на 28 мај ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, на „Стад де Франс“ во Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
