Американскиот инвестициски фонд „RedBird Capital Partners“ понудил да го купи италијанскиот фудбалски клуб Милан, објави англискиот „Sky News“. Фондот е основан во 2014 година и управува со капитал од 4,5 милијарди долари.
Минатата година, „RedBird Capital Partners“ купи нешто повеќе од 10 отсто од „Fanway Sport Group“ во сопственост на Ливерпул за 750 милиони долари.
Според информациите, американскиот фонд нуди 1 милијарда евра за купување на Милан, што е за близу 200 милиони евра помалку од понудата на бахреинскиот фонд „Инвесткорп“.
Милан е во пол-позиција за освојување на шампионската титула во Серија А оваа сезона, со два бода предност на врвот на табелата пред Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal