
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, инсистира на приказната дека ништо во полуфиналната пресметка во Лигата на шампионите со Вилјареал се уште не е решено. Неговиот тим има два гола предност по натпреварот од „Енфилд“, а „црвените“ ги добија сите пет гостувања во Лигата на шампионите оваа сезона. Според Германецот, и утре повторно ќе се стремат кон триумф.
„Да бев малку помлад, ќе бев многу лут поради ова прашање, ха-ха-ха… Се разбира дека не, само се шегувам. Но, на полувреме сме. Мораме максимално добро да го одиграме и вториот натпревар и сакаме пак да победиме. Знаеме дека Вилјареал ќе даде се од себе за да ја достигне негативата. Имаме исклучителен тим, но за пехарот во ЛШ треба и среќа и многу други работи да се поклопат. Во секој случај, ние повторно ќе истрчаме на терен за да победиме. А доколку Вилјареал успее да не надигра и да не победи, ќе им честитаме“, изјави Јирген Клоп.
Реванш мечот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Вилјареал и Ливерпул е закажан за утревечер на „Естадио де ла Керамика“ во 21 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
