Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов игра одлично во дресот на Шалке кој сигурно чекори кон враќање во Бундес – лигата. Тимот од Гензенкирхен е лидер во второлигашкото друштво и се наоѓа во пол-позиција за директна промоција и камбек во германската елита.
Чурлинов е позајмица во Шалке 04, а неговиот агент Мехмет Есер порача дека Чурлинов е среќен, но дали тој ќе остане во Шалке ќе се прашува и Штутгарт.
„На Дарко му е убаво во Шалке и го сака клубот, сака да остане. Ние го почитуваме и тоа што тој има уште две сезони од договорот со Штутгарт“, изјави Есер.
Од Чурлинов е задоволен и тренерот Мајк Бусенс.
„Добро знаеме што имаме со Дарко како играч, тој е емотивен и понекогаш луд играч во позитивна смисла, кој знае да направи разлика. Го сака клубот и покрај тоа што тука е само десет месеци“, изјави Бусенс.
Во дресот на Шалке, Чурлинов одигра 1.151 минути, постигна два гола и забележа четири асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













