
Дефанзивецот на Арсенал, Габриел Магалјаеш е трансферна цел на италијанскиот калчолигаш Јувентус, откриваат медиумите на Апенините. 24-годишниот бразилски централен дефанзивец им донесе победа на „топчиите“ од 2-1 над Вест Хем во лондонското дерби во неделата, а раководството на Јувентус е подготвено во овој трансфер да го вклучи и бразилскиот играч за врска Артур Мело.
„Старата дама“ во Габриел гледа одлична опција да го замени долгогодишниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кјелини. Договорот на Кјелини со клубот од Торино истекува во 2023 година, но ова лето тој би можел да се раздели по 17 години во црно-белиот дрес и да замине во МЛС – лигата на САД.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
