Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, беше задоволен што неговиот тим покажа карактер против Удинезе. „Нероаѕурите“ дојдоа до важни три бода откако загубија од Болоња во средината на неделата и заостанаа зад Милан во битката за титулата во Серија А.
Головите за Интер на „Дачија Арена“ ги постигнаа Иван Перишиќ и Лаутаро Мартинез.
„Многу сакавме да победиме и тоа го направивме заслужено, со оглед дека се наоѓаме во тешка ситуација. Благодарност до навивачите кои направија да се чувствуваме како да сме на „Сан Сиро“. Мислам дека сме во добра форма и до крајот ќе продолжиме да веруваме дека можеме да станеме шампиони. Покажавме карактер и тоа е најважно“, изјави Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













