Раководството на Манчестер Сити сака да го задржи Пеп Гвардиола на клупата на „граѓаните“ до 2026 година. Челниците веќе подготвиле нов договор за да го задржат одличниот стратег на „Итихад“.
Иако Фудбалската конфедерација на Бразил вложува напори да го доведе Пеп Гвардиола за нов селектор, сепак само неколку часа по победата против Лидс Јунајтед (0:4), медиумите во Британија објавија дека Гвардиола ќе остане во Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола одлучил да остане уште три години, без разлика на конечниот епилог во трката за трофеите оваа сезона. Сепак, преговорите ќе се интензивираат по завршување на сезоната затоа што стратегот не сака да го одвлекува вниманието во моменти кога тимот се бори за шампионска титула во Премиер – лигата и за пехарот во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













