Фудбалскиот суперагент Мино Рајола не е мртов. Иако еминентни светски медиуми ја објави веста, сепак, тој на Твитер демантираше, дури и се пошегува дека „го умреле вторпат во четири месеци“.
„Мојата моментална здравствена состојба за оние кои се прашуваат: лут сум што ме убија по вторпат во четири месеци. Изгледа дека можам да оживеам“, објави Рајола на својот Твитер профил.
Рајола во четвртокот бил хоспитализиран, а итно му била извршен и хируршки зафат, но неговата здравствена состојба сепак не е толку влошена.
Мино Рајола е еден од највлијателните фудбалски агенти, а негови клиенти се Ерлинг Халанд, Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Донарума …
Current health status for the ones wondering: pissed off second time in 4 months they kill me. Seem also able to ressuscitate.
— Mino Raiola (@MinoRaiola) April 28, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal