Тренерот на Вилјареал, Унаи Емери, не е задоволен од поразот (0-2) во првиот натпревар против Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите на „Енфилд“. Тој призна дека имал конкретен план, кој сепак не успеал. Сепак, вети дека неговиот тим ќе покаже друго лице на реваншот во Шпанија.
„Во полуфиналето е очекувано да се сретнеме со такви моќни ривали како Ливерпул. Сакавме да победиме, да го контролираме развојот на натпреварот, но тие не ни дозволија. Не можевме да се одбраниме од нивните напади. Сигурно ќе покажеме друго лице на нашиот стадион „Ла Керамика“. Ќе ги притискаме повеќе. Тие се силни и се фаворити, но знаеме дека можеме да им се спротивставиме. Имавме план, но не успеа. Сепак, можеше да биде и многу полошо. Сега сè уште веруваме во успех“, изјави Унаи Емери.
Реваншот меѓу Вилјареал и Ливерпул е закажан за 3.мај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













