Дефанзивецот на Вилјареал, Пау Торес, го коментираше поразот (0-2) од Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите. Според него, противникот ги казнил грешките на неговиот тим. Сепак, тој е убеден дека во реваншот „жолтата подморница“ ќе се покаже во сосема друго издание.
„Имам чувство дека бевме казнети за нашите грешки. Во првото полувреме го одржувавме притисокот, но во вториот дел бевме надиграни. Загубивме со два гола разлика, но остануваме самоуверени. Ако постигнеме рано гол на реваншот, ќе се вратиме во битката. Има уште многу фудбал да се игра. Сакам да им кажам на нашите навивачи дека следната недела ќе видат друг Вилјареал. Ние повторно ќе бидеме свои, многу подобри. Сè уште веруваме во финална победа. Имаме уште што да кажеме во оваа пресметка“, изјави Пау Торес.
Реваншот меѓу Вилјареал и Ливерпул ќе се одигра на 3. мај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













