
Ливерпул го победи Вилјареал со 2-0 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Англискиот тим славеше на „Енфилд“ со автоголот на Первис Еступињан во 53. минута и голот на Садио Мане во 55. минута.
„Беше јасно дека само треба да продолжиме со тоа што го правевме. Штом имаше моменти кога Вилјареал беше ослободен од притисокот, веднаш беа закана. Во најголем дел, ние се справивме многу добро. Мислам дека одигравме добар натпревар“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Германскиот стручњак изјави дека неговиот тим мора да биде фокусиран за следниот натпревар.
„Беше добро и во првото полувреме, иако не постигнавме гол. Засега се е како што треба. Но, нè очекува патување во Шпанија и ќе се обидеме да стигнеме до финалето. Ќе мораме да бидеме 100 проценти подготвени, фокусирани и расположени за тој реванш. Имаме два гола предност и тоа е добро, подобро од пред 90 минути, пред почетокот на натпреварот, но се уште не сме го елиминирале ривалот“, дополни Клоп.
Реваншот меѓу Вилјареал и Ливерпул се игра на 3 мај во Шпанија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал го купува Лиам Делап за 35 милиони евра
