
Интер изненадувачки загуби на гости кај Болоња (2-1) во одложениот меч од Серија А и со тоа повторно му дозволи на Милан да решава за судбината на „скудетото“. Тренерот Симоне Инзаги вели дека поразот носи голема горчина, но и дека има уште да се игра до крајот.
„Без сомнение, има горчина во душата по овој пораз, што е и нормално. Ние веќе не решаваме за нашата судбина, мораме да чекаме што ќе направи Милан и да се обидеме да победиме на нашите преостанати четири натпревари“, изјави Инзаги за „Скај Спорт Италија“.
„Поведовме и требаше да постигнеме уште еден гол, наместо да дозволиме Арнаутовиќ да израмни, бидејќи знаеме дека се може да се случи во фудбалот. Создадовме многу шанси и заслуживме втор гол во првиот дел. По паузата бевме премногу нервозни и тоа ни се одмазди. Болоња едвај влезе во нашиот шеснаесетник, а откако се случи тој немил инцидент со вториот гол, малку ги загубивме главите. Не е премногу изненадувачки, толку многу прокоцкавме, што навистина им тежеше на фудбалерите. Но, сите го поддржавме Раду, тој е наш голман, а сите заедно сме Интер“, дополни Инзаги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)

Втора лига
Беласица ја доби голеадата против Скопје

Интернационалци
Елмас е во Неапол, следи потпис за Наполи (ВИДЕО)
