Англискиот премиерлигаш Ливерпул обезбеди предност од два гола совладувајќи го Вилјареал (2-0) на „Енфилд Роуд“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Шпанскиот претставник дојде да се брани, издржа во првото полувреме, но потоа Ливерпул во две минути успеа да го валоризира тоа што го заслужи и претходно, да дојде до водство поради подобрата игра.
Во 53.минута, Первис Еступинан си постигна автогол по обидот на Џордан Хендерсон, а само две минути подоцна погоди и Садио Мане.
Во првиот дел, Хендерсон и Алкантара погодија во стативата и Ливерпул сигурно може да жали што не победи и поубедливо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













