Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ ќе остане во Интер и следната сезона, но му треба помош на средината на теренот. Според италијанскиот „Тутоспорт“, фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себалјос, од следното лето би можел да настапува за „нероаѕурите“.
Себалјос не е стандарден играч во „кралскиот клуб“ оваа сезона, одигра само 186 минути и забележа една асистенција, а доби шанса во завршницата од синоќешниот меч против Манчестер Сити на „Итихад“ како замена за Лука Модриќ.
На доведување на шпанскиот репрезентативец инсистира и Симоне Инзаги бидејќи може да покрие неколку позиции во средниот ред.
Договорот на Себалјос со Реал мадрид истекува во летото 2023 година, а неговата моментална цена е 15 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













