
Италијанскиот калчолигаш Милан е во напредни преговори со Сасуоло за трансфер на крилниот напаѓач Доменико Берарди, пишува „Газета дело Спорт“. Засилувањето на десната крилна позиција во нападот на тимот е меѓу приоритетите на „росонерите“, а токму Берарди е прв избор на раководството на клубот за оваа позиција.
Цената на италијанскиот репрезентативец е 30 милиони евра, а Милан е подготвен да ја плати оваа сума.
27-годишниот фудбалер има одлична сезона со 14 гола и 15 асистенции во 29 натпревари во Серија А. Покрај тоа, Милан се насочи кон уште еден фудбалер на Сасуоло, напаѓачот Џанлука Скамака.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа
