Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, е подготвен да го напушти клубот како слободен играч ова лето, кога ќе му истече договорот. Сепак, тој се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата. Погба сака да биде фокусиран на остатокот од сезоната пред да донесе каква било одлука.
Тој ќе биде слободен агент, но неговата огромна плата сепак не им дозволува на многу клубови да направат чекор за негов ангажман. Остануваат три клуба во сериозна игра.
Јувентус, Реал Мадрид и Барселона планираат да започнат преговори со Французинот, а на лето ќе му достават и официјални понуди. Новиот француски шампион Пари Сен Жермен исто така се споменува како опција, но таму се уште има многу непознати и најверојатно ќе следи целосна реконструкција и на раководството и стручниот штаб.
Погба веќе ги известил соиграчите дека ќе го напушти таборот на „црвените ѓаволи“ по завршувањето на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













