Тренерите Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски остануваат на клупата на македонскиот второлигаш Тетекс до крајот на сезоната. Тие денеска понудија оставки, но УО на клубот не ги прифати.
Оставката на претседателот на УО, Војо Тофиловски, е прифатена.
„На денешниот вонреден состанок на Управниот Одбор на ФК Тетекс беше разгледена понудената оставка од страна на претседателот Војо Тофиловски и Стручниот штаб Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски.
Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка на претседателот Војо Тофиловски Е ПРИФАТЕНА, а од друга страна НЕ за тренерскиот тим.
Управниот Одбор, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски, а убедени сме дека резултатската мини криза ќе се надмине веќе во останатите натпревари од првенството.
Решението за назначување на овој тренерски тандем не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот сезонава“, се вели во соопштението на Тетекс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













