
Арсенал е подготвен да го продаде Николас Пепе во летниот преоден рок и со тоа да го признае големото трансферно промашување. Англиските медиуми пишуваат дека „топчиите“ немаат ништо против да го ослободат репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска за сума од 25 милиони фунти пред неговата вредност уште повеќе да падне.
Арсенал пред три години го донесе Пепе од Лил за рекордни 80 милиони евра, а тој повеќе од шест месеци не е во стартниот состав на „топчиите“ во Премиер – лигата и не е во долгорочните планови на менаџерот Микел Артета.
Арсенал е подготвен да ги слушне понудите за фудбалерот кој заработува 8,3 милиони евра годишно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
