Фудбалерот на Интер, Артуро Видал, им даде дозвола на агентите да преговараат за трансфер во бразилскиот клуб Фламенго. Како што пренесоа денеска италијанските медиуми, Видал во неколку наврати изјави дека сака да се пресели во Фламенго и од лето би можел да игра во Бразил.
Договорот на Видал со Интер истекува на крајот на јуни, а во договорот постои опција за продолжување на соработката за уште една година. Тој оваа сезона одигра само 11 натпревари за миланскиот клуб и сака поголема минутажа.
Видал (34) кариерата ја започна во чилеанскиот клуб Коло Коло. Тој се пресели во Баер Леверкузен во 2007 година, а четири години подоцна во Јувентус, каде беше прогласен за најдобар играч во сезоната 2012/2013. Потоа потпиша за Баерн Минхен во 2015 година, а три години подоцна се пресели во Барселона, од каде во 2020 година го облече дресот на Интер.
За репрезентацијата на Чиле дебитираше во 2007 година и досега одигра 133 натпревари и постигна 32 гола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski