Connect with us

Баерн Минхен го пронајде наследникот на Левандовски

Баерн Минхен ја пронајде замената за Роберт Левандовски, доколку тој одлучи на лето да замине од „Алијанц арена“. За него е заинтересирана Барселона, а раководството на клубот веќе го најде неговиот наследник.


Себастијан Халер, напаѓачот на Ајакс, треба да биде нов напаѓач на Баерн Минхен, ако замине полскиот интернационалец Роберт Левандовски.

Халер дојде во Ајакс од Вест Хем за сума од 22 милиони евра, а Баерн Минхен е подготвен на холандскиот клуб да му понуди ова лето и двојно поголема сума за да го купи. Тој на 33 натпревари за Ајакс оваа сезона постигна 39 гола, а 11 од нив во групната фаза од Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови