Connect with us

Проблеми во Барса: Де Јонг му одбруси на Чави…

Фудбалерите на Рајо Ваљекано сензационално победија на „Камп Ноу“ против Барселона 0-1. Ова е трет домашен пораз во низа за каталонскиот тим и хармонијата навидум воспоставена од легендарниот Чави полека тоне. Доказ за тоа е реакцијата на еден од ѕвеездите на тимот, Френки де Јонг, на неговата одлука да го повлече од игра.


Имено, Чави во 60. минута реши да направи двојна замена. Младите Нико и Феран Торес ги заменија Депај и Де Јонг.


Бесниот Холанѓанец ги соблече костобраните и налутено ги фрли. Тој не сакаше да го гледа остатокот од натпреварот со тимот на клупата, туку веднаш се упати кон соблекувалната. Ова можеби ќе придонесе тој да биде продаден во летниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови