Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека е задоволен од победата над Лацио (1-2) и им се заблагодари на фановите на „росонерите“ за поддршката.
„Морам да бидам задоволен, а нашите навивачи повторно не бодреа на фантастичен начин. Горд сум на играчите. На нивно место веројатно би бил малку лут, бидејќи веќе неколку години тие настапуваат на многу високо ниво и не го добиваат потребното признание. Ќе се обидеме да победиме на сите натпревари до крајот. Можеби нема да ни успее, но ќе се обидеме. Најважно е што обезбедивме пласман во Лигата на шампионите. Минатата сезона во оваа фаза од првенството не бевме сигурни, што покажува дека напредуваме“, изјави Пиоли.
Милан во моментот има два бода предност пред Интер на врвот на табелата, но и еден одигран натпревар повеќе од градскиот ривал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













