
Барселона и трет натпревар по ред загуби на својот стадион. По поразот од Ајнтрахт во Лигата на Европа (2-3) во шпанското првенство, бодовите од „Камп Ноу“ ги одзедоа Кадиз, а синоќа и Рајо со минимални победи.
„Ги искомпликувавме нашите животи, но сè уште имам се под контрола“, изјави тренерот на Барселона, Чави.
На пет кола пред крајот Барселона е второпласирана и во добра позиција да освои едно од првите четири места и пласман во Лигата на шампионите следната сезона. На петтопласираниот Бетис му багаат шест бода.
„Бевме деветти во ноември. Не се плашиме да играме, но работите се компликуваат. Да одмориме и да размислиме за Мајорка. Имаме пет финалиња до крајот на сезоната”, додаде Чави, анализирајќи го и поразот од Рајо.
„Не знам што се случи со тимот по победата на Ел Класико. Сите бевме возбудени поради таа добра серија и добрите игри што ги одигравме. Бевме возбудени поради можна борба за титулата и сега треба да се мотивираме за да можеме да играме и следната сезона во Лигата на шампионите. Лут сум и разочаран од мечот со Рајо, направив грешка како тренер. Особено во мотивацијата на играчите. Мислев дека дадов се, но не го сторив тоа на потребното ниво“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal