Connect with us

Тухел: Рудигер ме извести дека го напушта Челси

Дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер нема да го продолжи договорот со клубот и ќе го напушти како слободен играч на лето. Ова го откри менаџерот на „сините“ Томас Тухел по успехот (1-0) во лондонското дерби со Вест Хем.


„Ситуацијата е таква што Рудигер сака да го напушти клубот. За ова ме извести во личен разговор пред неколку дена. Клубот и јас дадовме се од себе, но се уште не можеме да се избориме со санкциите, а Тони рече дека ќе си замине. Без нив можевме барем да продолжиме да се бориме, но рацете ни се врзани. Не знам каков би бил исходот, но одлуката е негова. Не ни е пријатно, но не го сфаќаме лично. Тој е коректен и е клучен играч за нас и така ќе остане до крајот на сезоната. Многу ќе ни недостига, има големо влијание во соблекувалната. Тој е човекот кој ги охрабрува другите и од кого сите се плашат. Тој за мене е врвен дефанзивец во последните година и пол и имам само почит за постигнатото. Мора да продолжи вака до крај, по што ќе треба да најдеме решение за неговото место“, изјави Тухел.

Шпанските медиуми најавуваат дека Антонио Рудигер е пред договор со Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови