
Тренерот на Шкупи, Умит Каран е задоволен од ремито (3-3) на гостувањето против Пјуник во Ереван, во првиот натпревар од стартното квалификациско коло во Лигата на Европа.
Каран на прес-конференцијата по мечот истакна дека со помош од своите навивачи на реваншот во Скопје, Шкупи сигурно може да очекува пласман во следната рунда натпревари.
„Уште пред мечот на моите фудбалери им кажав дека не чека тежок противник со фудбалери кои три години играат заедно. Наспроти тоа, ни и со далеку помлад состав, одлично се спротиставивме. Покажавме карактер па откако брзо примивме гол потоа се вративме и до предност од 1-3. Имавме одлични шанси и за 1-4, но откако ние не реализиравме следеше казната. Но, мора да кажам дека сум среќен со овој резултат. Ќе видиме што ќе се случува на следниот натпревар, но се надевам дека со помош од нашите навивачи ќе стигнеме до следното коло“ – истакна Каран.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)
