Селекторот на Колумбија, Рејналдо Руеда, доби отказ откако не се пласираше со националниот тим на Светското првенство во Катар, соопшти Фудбалската федерација на оваа земја.
Колумбијците завршија шести во јужноамериканските квалификации и не успеаја да се пласираат на финалниот турнир.
Руеда (65) го замени Карлос Квеирош во јануари минатата година, но под негово водство тимот забележа само седум победи на 22 натпревари. Руеда ја води Колумбија по вторпат.
Неговиот претходен престој на кормилото на тимот беше во периодот 2004 од 2006 година. Тој исто така ги водеше Хондурас на Светското првенство во 2010 година и Еквадор на Светското првенство во 2014 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи













