Connect with us

Судиска анализа на ФФМ: Вардар добил „подарок“ пенал против Тетекс

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 28. коло на 1. МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

  • На натпреварот ФК Борец – ФК Струга Трим Љум одигран на 16.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 25, 76, 90 и 90+2 минута.

Главен судија: Јосип Бартон; Помошни судии: Даниел Василевски и Александар Ѓорѓевски;

  1. минута: Исправна проценка на судијата (недосуден удар од 11 метра).

Играч на Струга Трим Љум во свој шеснаесетник избивајќи ја топката со нога, случајно го удира во сопствената рака која е во природна положба. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, бидејќи нема елементи за удар од 11 метри.

  1. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метри).

Играч на Борец центрираше топка до соиграч во шеснаесетникот на Струга, соиграчот кој беше во ветувачка акција пред да ја удри топката со глава, од позади грб со туркање беше соборен од играч на Струга. Исправна одлука на судијата, удар од 11 метра и дисциплинска мерка жолт картон за туркање (ветувачка акција).

  1. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метри).

Играч од нападот на Борец беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на Струга, одбранбениот играч на Струга од позади грб сакајќи да ја избие топката со интензитет го удри напаѓачот во нога. Исправна одлука на судијата, удар од 11. метри без дисциплинска мерка.

90+2 минута: Исправна проценка на судијата (доделен црвен картон).

Играч на Борец беше во посед на топката, играч на Струга го влечеше за дрес играчот на Борец кој за да се отргне, со лакт и со голем интензитет го удри во пределот на лицето играчот на Струга. Исправна одлука на судијата за доделен слободен удар и црвен картон.

  • На натпреварот ФК Македонија – ФК Работнички одигран на 16.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 12. и 44. минута.

Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Ристо Ѓорѓиев и Кристијан Џонов;

  1. минута: Исправна проценка на судијата (нема слободен удар).

Играч на Работнички ја имаше топката во свој посед на околу 20-на метра од својот гол, играч на Македонија со лизгачки старт му ја одзема топката без да има контакт и елементи за слободен удар. Играчот постигна гол, исправна одлука на судијата што дозволи играта да продолжи.

  1. минута: Исправна проценка на судијата (не е досуден удар од 11 метри).

Играч од Македонија беше проигран во шеснаесетникот на Работнички без посед на топката. На него од зад грб минимално без интензитет стартуваше (туркање) одбранбен играч на Работнички, тој контакт играчот на Македонија сакаше да го искористи да изнуди удар од 11 метри. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, бидејќи контактот е минимален и недоволен за удар од 11 метри.

  • На натпреварот ФК Ренова – ФК Академија Пандев одигран на 17.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 34. и 73. минута.

Главен судија: Игор Иванов; Помошни судии: Слаѓан Марковски и Мартин Петковски;

  1. минута: Исправна проценка на судијата (не е досуден удар од 11 метри).

Играч од нападот на Академија во шеснаесетникот на Ренова, беше во посед на топка и шутираше кон голот на Ренова. Одбранбен играч на Ренова направи лизгачки старт блокирајќи го шутот и топката го удри во пределот под пазувите и раката. Исправна одлука на судијата играта да продолжи бидејки нема игра со рака.

  1. минута: Исправна проценка на вториот помошен судија (досудено офсајд позиција).

Центрирана топка од играч на Ренова до соиграч, кој со глава ја удри топката и која дојде до друг свој соиграч кој во моментот на додавање беше во офсајд позиција и постигна гол. Исправна одлука на вториот помошен судија голот да се поништи поради офсајд позиција.

  • На натпреварот ФК Брегалница – ФК Шкендија одигран на 17.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 79. минута.

Главен судија: Стојанче Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

  1. минута: Исправна проценка на судијата (не е досудено удар од 11 метри).

Играч од нападот на Шкендија беше во шеснаесетникот на Брегалница и центрираше, при центаршутот топката го удри во пределот на стомакот одбранбениот играч на Брегалница кој беше на едно метро од играчот на Шкендија и излезе во корнер. Одлична соработка помеѓу судијата и првиот асистент, нема игра со рака и исправно досуден корнер.

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 23. коло на 2. МФЛ Запад и Исток и ги донесе следните заклучоци:

2 МФЛ – ЗАПАД:

На натпреварот ФК Вардар – ФК Тетекс одигран на 16.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 22. и 63. минута

Главен судија: Благојче Ралески; Помошни судии: Костоски Зоран и Владимир Митревски;

  1. минута: Добра проценка на судијата (недосуден удар од 11 метри).

Играч од нападот на Вардар прима топка со грб свртен кон гол на Тетекс, играчот лошо ја прима топката и доаѓа до минимален контакт со одбранбен играч од Тетекс кој го искористува да изнуди удар од 11 метри. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, нема елементи за удар од 11 метри.

  1. минута: Погрешна проценка на судијата (досудено удар од 11 метри).

Играч од нападот на Вардар е во посед на топка малку странично од голот на Тетекс, доаѓа до минимален контакт со одбранбениот играч на Тетекс без интензитет, кој напаѓачот го искористува и преувеличува. Погрешна одлука на судијата што досуди удар од 11 метри.

На натпреварот ФК Силекс – ФК Кадино одигран на 16.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 17. минута.

Главен судија: Никола Петковски; Помошни судии: Александар Ѓурковски и Стефан Петровски;

  1. минута: Добра проценка на вториот помошен судија (нема офсајд позиција)

Центрирана топка во шеснаесетникот на Кадино која доаѓа до играч од нападот на Силекс. Во моментот кога напаѓачот ја удира топката и постигнува гол, друг негов соиграч се наоѓа пред голманот и е во линија со предпоследниот играч на Кадино. Исправна одлука на вториот асистент, нема офсајд позиција, голот е регуларен.

На натпреварот ФК Беса – ФК Охрид одигран на 16.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 75. и 80. минута.

Главен судија: Марјан Младеновски; Помошни судии: Бранко Путилин и Дарко Видиниќ;

  1. минута:Добра проценка на судијата (доделен втор жолт/црвен картон)

Играч од нападот на Беса беше во посед на топка на околу 20-на метри странично од голот на Охрид, играч од одбраната на Охрид го влече напаѓачот кој се оттргнува, истиот играч после пет метри намерно го сопна напаѓачот пред шеснаесетникот. Исправна одлука на главниот судија за доделена дисциплинска мерка жолт картон, воедно тоа беше втор жолт (црвен) картон.

  1. минута: Добра проценка на судијата (досудено удар од 11 метри)

Играч од нападот на Беса е во посед на топка во шеснаесетниокот на Охрид централно од голот, на него стартува голманот на Охрид сакајки да ја избие топката, меѓутоа прави прекршок и го соборува напаѓачот без да игра со топка. Исправна одлука на судијата, досудено удар од 11 метри со жолт картон за голманот.

На натпреварот ФК Кораб – ФК Велешта одигран на 16.04.2022 година, анализирана е ситуацијата од 16. минута.

Главен судија: Боби Величков; Помошни судии: Петар Новачев и Роберт Црвенов;

  1. минута: Играч од нападот на Кораб е во посед на топка странично во шеснаесетникот на Велешта, на него од зад грб стартува со силен интензитет (туркање) играч од одбраната на Велешта. Исправна одлука на судијата, досуден удар од 11 метри без дисциплинска мерка.

2 МФЛ – ИСТОК:

Судиската комисија направи анализаод одиграните натпревари од 23. коло на 2. МФЛ ИСТОК и заклучи дека нема спорни ситуации за дополнителна анализа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови