
Најтрофејниот украински клуб Динамо Киев избрка фудбалер поради тоа што неговиот татко работел за руските структури. Станува збор за Артур Уваров (17), кој е син на Максим Уваров, заменик претседателот на сепаратистичка република Лугањск.
„Не одобруваме сталинистички методи во кои синот одговара за постапките на својот татко. Сепак, после добиените информации кои се проверени од нашата страна, ние како клуб му поставивме конкретно прашање на фудбалерот за активностите на неговиот татко. За тоа каква е неговата поврзаност со воените структури на сепаратистите, но не добивме конкретен одговор од фудбалерот. Ние сме огорчени од однесувањето на фудбалерот и затоа одлучивме да го раскинеме договорот со Уваров“, се вели во соопштението на Динамо Киев.
Динамо Киев почна со одигрување на пријателски натпревари низ Европа, откако фудбалското првенство беше прекинато со почетокот на воените дејствија во Украина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао
