Ајнтрахт беше „гостин“, ама излезе дека на „Камп Ноу“ има многу поголема навивачка поддршка од предвидената. На крајот, и се радуваше на триумф (2:3) за пласман во полуфиналето на Лигата на Европа.
Германците имаа право на 5.000 влезници, но имаше меѓу 20.000 и 25.000 навивачи на германскиот клуб на трибините на стадионот. Барселона за ова ќе спроведе детална истрага.
Некои германски навивачи купувале билети од сопствениците на годишните билети на Барселона.
Разочаран беше и тренерот Чави Хернандез.
„Очигледно е дека атмосферата не помогна и клубот истражува што се случи и навивачите сакаат да знаат зошто се случи тоа. Тоа беше очигледна погрешна проценка од наша страна и тоа не треба да се случи. Повеќе личеше на финале со поделен стадион во два табора “, коментира тренерот Чави Хернандез.
Бесен е и претседателот Хоан Лапорта.
„Штета е тоа што се случи! Чувствувам срам“, искоментира Хоан Лапорта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













