Aргентинското обвинителство по 15 месеци истрага покрена обвинение против осум лица за смртта на легендарниот фудбалер Диего Марадона кои се товарат за убиство со можна умисла.
Тој почина на 25 ноември 2020 година од срцев удар, само еден месец откако наполни 60 години и излезе од болница, но деталната истрага покажала дека се работи за смрт од небрежност и лоша здравствена нега.
Неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустина Косачов, психологот Карлос Дијаз, директорот на швајцарското здравствено осигурување Ненси Форлини, здравствениот координатор Маријано Перони, како и медицинските сестри Рикардон Алмирон и Дахиана Мадрид се меѓу обвинетите. Им се заканува можна затворска казна од 5 до 25 години. Тие „непромислено и небрежно постапувале со што го зголемиле ризикот за пациентот до кобниот настан, кој можел да се избегне“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













