Глазгов Ренџерс е последниот претставник во полуфиналето на Лигата на Европа откако по продолженија ја совлада Брага на домашен терен со 3-1. Со тоа ја надомести негативата од еден гол (0-1) од првиот меч во Португалија. Во полуфиналето Глазгов Ренџерс за противник ќе го има Лајпциг.
Џејмс Таверние во втората минута донесе предност за домаќинот, а во 44.минута од пенал зголеми на 2-0. Брага остана со фудбалер помалку во 42.минута поради исклучувањето на Тормена, но и покрај тоа постигна гол за 2-1 и за продолженија преку Давид Кармо.
Во 105.минута, Брага остана и со деветмина откако беше исклучен и Јури Медеирос, а само четири минути претходно Глазгов Ренџерс постигна трет погодок преку Кемар Руф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













