
Барселона доживеа елиминиција во четвртфиналето на Лига Европа откако загуби со 2-3 од Ајнтрахт Франкфурт на „Камп Ноу“. Првиот меч во Германија заврши без победник (1-1), па Ајнтрахт му се придружи на Лајпциг како полуфиналист во ова европско натпреварување.
Филио Костиќ од пенал во четвртата минута најави изненадување, а Рафаел Боре пред крајот на првиот дел ја удвои предноста на гостите. Костиќ ја нокаутира Барселона со својот втор гол во 67.минута. Барселона се разбуди дури во судиското продолжение. Серхио Бускетс во 91. постигна гол, а Мемфис Депај од пенал во 101.минута намали на 2:3. Но, веднаш по ова беше означен и крај на мечот.
Вест Хем исто така е во полуфиналето откако го победи Лион на гости со 0-3. Крег Доусон и Деклан Рајс донесоа водство за англискиот тим пред одморот, а Џерод Боувен постигна трет гол на почетокот од второто полувреме. Вест Хем во полуфиналето ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт.
Глазгов Ренџерс и Брага ќе играат продолженија, откако шкотскиот тим победи со 2-1 и ја анулира предноста на Брага (0:1) од првиот меч во Португалија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке
