Connect with us

Килијан Мбапе на прагот на нов рекорд во француското првенство

Францускиот ас Килијан Мбапе на крајот од сезоната ќе испише историја на Лига 1, бидејќи е на прагот на досега невиден рекорд.


Мбапе е најефикасниот играч на Пари Сен Жермен, а во моментов брзоногиот Французин е водечки стрелец во лигата (20 гола) и негов најдобар асистент (14).

Доколку ги задржи тие позиции до крајот на сезоната, ќе стане првиот играч во историјата на ова натпреварување со титула најдобар стрелец и најдобар асистент.

На листата на стрелците тој е најблиску до Мартин Терие од Рен и Висам Бен Једер од Монако со 18 гола, а зад него е Лионел Меси со 13 асистенции.

Мбапе се уште нема објавено дали ќе остане во Пари Сен Жермен на крајот на сезоната или ќе го напушти клубот по истекот на неговиот договор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови