
Жестока битка се водеше во Мадрид, каде Атлетико и Манчестер Сити го играа реванш дуелот од четвртфиналето во ЛШ. Капитенот на мадриѓани, Коке, верува дека неговиот тим заслужил повеќе.
Иако Атлетико беше елиминиран поради поразот во првиот натпревар од 1-0, Коке истакна дека е горд на својот тим.
„Горд сум на моите соиграчи и навивачи. Навистина сакавме да победиме и создадовме можности, заслуживме повеќе, но топката не влезе во голот. Честитки за противникот“, изјави Коке, а потоа беше запрашан за исклучувањето на Фелипе.
„Не видов што се случи, бев на клупата.
Капитенот на шпанскиот клуб имаше замерки до играчите на Манчестер Сити.
„Лежеа наоколу и крадеа време, што е фрустрирачко. За тоа често го критикуваат токму Атлетико Мадрид, сега да видиме што ќе кажат. Горди сме на нашата сезона во Лигата на шампионите, сега се вртиме кон Ла Лига и нашите напори да се вратиме во Топ 4“, истакна Коке.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
